Прашања
Доколку сте ја заборавиле вашата лозинка кликнете на полето Заборавена лозинка, и внесете ги бараните информации. Информација за промена на лозинка ке добиете на вашата e-mail адреса.
Дали треба да се регистрирам секој пат при посета на web сајтот?
Не треба да се регистрирате секој пат при посета на сајтот. За пристап до вашиот профил треба само да се најавите. Основните информации на страната може да се разгледуваат и без најава.
Дали се заштитени моите лични информации?
Ние сме свесни за грижата во врска со откривање на информации, и затоа тимот одговорен за Е-аукциите е целосно посветен на заштита на правата за вашата приватност во заедницата на онлајн електронските аукции.
Дали можам да користам иста е-маил адреса при регистрација за фирма односно физичко лице?
Не, со една е-маил можете да направите или индивидуален профил или профил на фирма за електронски аукции.
Вредноста на депозитот изнесува 2% од проценетата вредност на предметот
За една Движна или Недвижна ствар да биде продаден треба да има барем една успешно запишана понуда.
Употреба на апликацијата од мобилни прелистувачи
За ефективна и прецизна употреба на апликацијата препорачливо да се користат само десктоп прелистувачи.Во случај на користење на мобилни прелистувачи за настанатите неправилности во работењето на апликацијата Администраторите не превземаат никаква одговорност.
Која е постапката за јавно наддавање
Во првите 5 минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната/движната ствар.
Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што додколку во истекот на последните 2 минути од определеното време од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок се продолжува за уште 2 минути, а ќе заврши кoга за период од следните 2 минути нема нова дадена понуда, и продолжува неограничено се додека во временски интервал од 2 минути има нова понуда.
Доколку во првите 5 минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда, вредноста на недвижната/движната ствар се намалува за 2% од почетната вредност. Доколку и во наредните 5 минути нема понуда, вредноста се намалува повторно за 2% од првичната почетна вредност.
Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по втор пат може да се намали најмногу до 30% доколку се има пријавено само еден учесник, доколку во втората објава се пријавиле двајца или повеќе учесници намалувањето на вредноста на недвижната/движната ствар може да биде најмногу до 50% од проценетата вредност.
- ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП НА НЕДВИЖНИ СТВАРИ -
Давањето на недвижни ствари во сопственост на општината во закуп се врши со јавно електронско наддавање и со непосредна спогодба во посебни случаи. Висината на вкупната почетна цена на закупнината изнесува 0,5% од проценетата вкупна вредност за месечна закупнина на недвижната ствар. Вредноста на недвижната свар ја определува овластен проценител, согласно со Законот за процена. Недвижните ствари дадени во закуп не можат да се даваат во подзакуп.
За давање на недвижни ствари во закуп со електронско јавно наддавање, соодветно се применуваат одредбите од овој закон со кои претходно е уредена постапката за продажба на недвижни ствари со електронско јавно наддавање.
- ПРОДАЖБА НА ДВИЖНИ СТВАРИ -
Кога се врши продажба на движни ствари се врши со електронско јавно наддавање кој го спроведува комисијата.
Почетната цена на движните ствари што се предмет на продажба со електронско јавно наддавање е проценетата вредност на движната ствар утврдена согласно Законот за процена.
Во постапката за продажба на движни ствари сопственост на општината со електронско јавно наддавање соодветно се применуваат горе наведените одредби за продажба на недвижни ствари со електронско јавно наддавање.
Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.