Услови за учество на електронското јавно наддавање за продажба и давање во закуп на недвижни и движни ствари

 

Регистрација

Регистрацијата се врши електронски следејки го линкот за Регистрација кој се наоѓа на главната страна.Одкако ке се регистрирате и пополните сите потребни податоци ке добиете порака во која има линк за активација на вашиот профил.

 Депозит

За да учествувате на аукцијата за која сте се пријавиле потребно е да го уплатите депозитот, кој изнесува 2% од вкупната почетна цена.

Рок за уплата на најповолната понуда

Најповолниот понудувач, во рок од 15 дена од денот на завршувањето на постапката согласно Закон, е должен да ги уплати средствата, а доколку не ги уплати во овој рок, депозитот не му се враќа, нема да се пристапи кон склучување на договор и органот е должен да спроведе нова постапка.

 Рок за враќање на уплатениот депозит

Депозитот за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата за учество на јавното наддавање во целост, во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а депозитот на најповолниот понудувач му се враќа намален за процент од 10% одреден за трошоците на постапката, во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

Обврска за исплата на данокот на промет

Купувачот има обврска да го плати данокот на промет.

Обврска за трошоци за солемнизација на договорот

По склучувањето на договорот купувачот/закупецот во рок од 30 дена истиот го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација.

Право на приговор

Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение во рок од пет дена од приемот на приговорот.

 

За техничка подршка ве молиме поставете прашање на contact@zels.org.mk ,за прашања поврзани со аукцијата,текот на аукцијата или правна консултација поврана со аукцијата обратете се лично до органот кој ја објавува аукцијата.